Денес Општина Маврово и Ростуша беше домаќин на деца од школска возраст од пет општини кои се дел од проектот „Традиционални спортски игри (Спортски Бон-Тон)”. Децата поминаа многу убави моменти во меѓусебното дружење, играње и натпреварување во духот на спортско однесување. Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, како покровител на проектот „Традиционални спортски игри (Спортски Бон-Тон)” и Градоначалникот, Мукрем Мехмеди како домаќин денеска присуствуваа на спортско-културната манифестација во Маврово. Целта на проектот е да се промовира Спортски бон-тон како модел на интегрирање на децата од школска возраст во системот на спортување, дружење, играње и нивно меѓусебно запознавање со нивните традиции, култури и обичаи. Проектот „Традиционални спортски игри (Спортски бон-тон)“ се реализира преку спортско-културни манифестации во општините Маврово-Ростуше, Велес, Карпош, Ново Село, Охрид и во Свети Николе.