Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша г-гин Мукрем Мехмеди како еден од покровителите на традиционалната Галичка Свадба беше одблиску запознаен со подготовките кои ги прават младоженците од овогодинешната традиционална Галичка Свадба.
Порано свадбарските церемонии траеле пет дена, а традиционално свадбата се одржувала на Петровден. Секој ден од свадбата има посебни обреди што се изведуваат по утврдени обичаи. Пет дена пред Петровден се собира папрат и јаворово дрво од кои во дворот на младоженецот се прави колиба во која се сместуваат тапанџиите кои доаѓаат од Дебар. На две вечери пред Петровден се реди бајракот. Редењето се врши на свечен начин во присуство на гости кои се поканети да дојдат на обичајот редење на бајракот. Гостите се гоштеваат и околу полноќ почнуваат со неговото украсување со разни цвеќиња. Во таа прилика девојките пеат пригодни песни за неговото украсување.
mukrem galicka svadba