Денес во посета на општина Маврово и Ростуше престојуваше Министерот без ресор задолжен за дијаспора во Владата на Република Северна Македонија Џемаил Чупи.

На средбата со Градоначалникот Медат Куртовски се разговараше за актуелни иницијативи и проекти кои се во согласност со Стратегијата на Република Северна Македонија за соработка со Дијаспората со која покрај другото предвидено е отворање на Центри за дијаспора во општините при што беше потпишан Договор за соработка со Дијаспората помеѓу Владата на РСМ и Општина Маврово и Ростуше.

Во општина Маврово и Ростуше ќе биде отворена Канцеларија за дијаспората која ќе има улога на припадниците на дијаспората за време на нивниот престој во матичната земја да им овозможува и олеснува пристап до потребните информации како и дополнителни иинформации за разни постапки со кои ќе се обраќаат пред државните институции и друго.

Општинската канцеларија ќе има лице задолжено за овие прашања кое ќе изврши мапирање и евидентирање на сите здруженија на нашинците во дијаспората со посебен акцент на економската и научната дијаспора како и на граѓанските организации во дијаспората.