Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша, Мукрем Мехмеди по само неколку недели повторно го посетија долнореканскиот крај каде имаа средба со граѓани на која средба граѓаните беа директно запознаени од страна на министерот Јанакиески и градоначалникот Мехмеди за превземените активности од страна на министерството и локалната самоуправа за решавање на проблемите што беа посочени во предходната посета од страна на министерот, како и активностите што треба да се превземат во најможен краток период за поставување на еластична ограда на мостот кај ростушко анче како и изградба на заштитен зид на кривината близу спортската сала. Исто така се отвори и геодетска канцеларија за што побрзо изготвување на геодетските елаборати кои мора да се достават во предвидениот законски рок. на средбата присуствуваше и директорот на агенцијата за катастар на недвижности г-динот Славе Трпевски.
milejanakievski-poseta