Во кампот за обука на БЈБ при МВР на РСМ, во Лазарополе – Општина Маврово и Ростуше, беше оддржана заедничка завршна вежба на полициските службеници, кандидати за прием во Специјалната антитерористичка единица – Тигар и во Единицата за брзо распределување при Бирото за јавна безбедност на МВР. Откако заврши заедничката завршна вежба, Министерот за Внатрешни Работи, Оливер Спасовски на Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски му додели Благодарница за партнерство и успешна реализација на целите од заеднички интерес во модернизирање на капацитетите на МВР. Исто така беше доделена Плакета за соработка и партнерство на Премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев, како и на Директорот на НП Маврово, Самир Ајдини и директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Фатон Асани.