Почитувани На ден 18. 07. 2021 година во посета на општина Маврово и Ростуше ќе биде министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, г-дин Оливер Спасовски со што ќе се означи времено отворање на граничниот премин Стрезимир Рестелица.

Овој премин ќе биде отворен секој ден до 01. 09. 2021 година од 08.00 до 20. 00 часот. Тргнувањето ќе биде од месноста Трница во 10. 30 часот. Со ова продолжува неколкугодишната традиција на времено отворање на овој премин со што ќе се овозможи непречено движење на граѓаните од македонска и косовска страна. Ова е можност за нас и за нашите браќа Горанци да се посетуваме меѓусебно и да ги зацврстиме нашите врски. Исто така правиме напори за рекатегоризација на патот од локален во регионален пат за да може владата да го изгради и да се отвори постојано граничниот премин. Благодарност до министерот Оливер Спасовски за неговото ангажирање при реализацијата на овој за нас значаен настан.

Градоначалник
Медат Куртовски.