Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски потпиша Меморандум за соработка со Здружението за Локален и Рурален развој како и договор за партнерство со ГЕФ – ПМФ во поглед на техничкиот дел од проектот.
Во рамките на овој проект планирано е ”Интегриран пристап кон решавање на проблемот со пластична ПЕТ амбалажа во Општината”.
Главна цел на проектот е да се воспостави процес на собирање и рециклирање на количините на ПЕТ пластика во Општина Маврово и Ростуше.
Одредување на локални еколошки потреби и приоритети за Општината.
Обучени и мотивирани граѓани за учество во организирано собирање на искористена пластична амбалажа како и воспоставување на систем за рециклирање во рамки на Општината.