Македонското женско лоби финансиски подржано од Амбасадата на Обединетото Кралство во Македонија спроведува проект “Зајакнување на жените и девојчињата за зачувување на мирот и градење доверба” кој има за цел да придонесе за развивање на свесноста за заложбите на НАТО алијансата кон регионалнатата безбедност, градење на мирот и довербата при имплементирање на резолуцијата на ОН 1325. Овој проект има за цел да делува на три нивоа:
-Соработка со министерството за одбрана на Република Македонија во изготвување на стратешки документ за имплементација на резолуцијата 1325 од ОН;
-Развивање на свесноста за важноста на резолуцијата 1325 во рамки на локалната самоуправа во 10 општини –по една работилница по општина;
-Организирање на јавна расправа во Собранието на Република Македонија за спроведувањето на резолуцијата 1325 како и за идните предизвици во понатамошното имплементирање.
Локалната самоуправа која има клучна улога во развивање на свесноста кај граѓаните по однос на прашањата од родовите , а во овој случај со запознавање со Резолуцијата за мир и безбедност .
За таа цел Општина Маврово и Ростуше преку своите комисии организираа еднодневна работилница каде граѓаните на Општината беа запознаени со основите на Резолуцијата. На работилницата учествуваа над 50 учесници (советници, администрација, граѓански активисти,претставници на месни и урбани заедници и други лица од општината).