“Македонија без отпад 2013”

Во рамките на проектот “Македонија без отпад-2013” Министерството за Животна Средина и просторно планирање, Асоцијацијата за чиста животна средина “Ајде Македонија” и Општина Маврово и Ростуша и оваа година продолжуваат со спроведување на проектот “Македонија без отпад-2013”. За таа цел во Средното Општинско Училиште, во Основните Училишта како и во соработка со невладиниот сектор во текот на оваа недела се вршеа едукативни предавања се со цел да се едуцираат и најмладите како и сите граѓани кои живеат во нашата општина. Целта на овие предавања е на 5-ти Октомври да се вклучат што поорганизирано и помасовно граѓаните и сите засегнати групи во расчистување на својата околина во сите населени места во нашата општина од отпадот што се наоѓа лоциран на несоодветни места.

ekoloska akcija