m6 m7 m8 m9 m1 m2 m3 m4 m5Викендов во Маврово, маратонска, полумаратонска трка и рекреативно возење околу Мавровското езеро се одржаа во рамки на традиционалниот „Мавровски велосипедски маратон“. Се возеше на релација Маврово-Леуново-Лазарополе-Тресонче-Селце-Маврово, во вкупна должина од 90 км за маратонците и 42 километри за полумаратонците.

Натпреварувањето беше спроведено согласно правилникот на Велосипедската Федерација на Македонија.
Истовремено сите љубители на велосипедизмот и на природните убавини на нашата земја имаа можност преку рекреативното возење околу Мавровското езеро да уживаат во природните убавини на нашиот регион.
Градоначалниокот на Општината, Мукрем Мехмеди ја истакна важноста од организирањето на вакви настани кои придонесуваат за развој и унапредувањето на туризмот во нашиот регион исто така искажа голема благодарност до сите чинители кои вложија голем труд за успешна реализавција на оваа манифестација.