Локалниот Совет за Превенција со кој претседаваше Градоначалникот, Мукрем Мехмеди оддржа состанок на кој учествуваа Претседателот на Советот на Општината, Неџат Исмаили, Началникот на СВР-Тетово, Фаредин Зенуни, Еркан Челик претставник од ОСЦЕ, Командири на Полициските Станици од Гостивар, Ростуше и Маврово, Директори на Јавни препријатија и установи, како и директори на Основните и Средното училиште.

На состанокот Градоначалникот, Мехмеди даде информација за сите завршени активности кои се превзедоа како обврска од последниот состанок на Локалниот совет одржан во Декември 2013 година.
Градоначалникот, Мехмеди им заблагодари на сите надлежни институции за сериозниот пристап кон разрешување на сите проблеми со кои се соочувавме во минатиот период, како и превземените активности со кои значително се олеснети условите за живот во нашиот регион.
Исто така Градоначалникот ги спомена следните активности кои беа превземени во минатиот период
1. Континуирано следење на безбедносната состојба во Општината со што се доби одличен резултат односно несаканите последици (кражби) се сведени на нула.
2. Одржувањето на локалните патишта кои се во наша надлежност, направениот заштитен ѕид на острата кривина на регионалниот пат кај мостот под с. Росуша каде почесто имаше сообраќајни несреќи како и начинот на кои беа решавани проблемите со паркинг простори во сезоните кога нашите сограѓани своите одмори ги поминуваа тука меѓу нас.
3. Успешно спроведен законот за забрана на точење алкохол на малолетни деца како и законот за забрана на пушење на места согласно законските норми.
4. Успешно превземени мерки за превенција односно заштита од пожари во летните месеци со што значително се заштити животната средина.
5. Како и спречување на инциденти, спречување на употреба на пиротехнички срества и дроги, како и други превзедени активности од страна на советот во соработка со другите институции се со цел подобрување на условите за живот на нашиот граѓанин.
Началникот на СВР-Тетово, Фаредин Зенуни и Еркан Челик претставник од ОСЦЕ изразија голема благодарност до Градоначалникот и сите други членови на советот за ангажираноста, сериозниот пристап кон решавање на проблемите и препреките со кои се сретнуваат како и за досегашната одлична соработка меѓу Локалниот совет и институциите, со желби оваа одлична соработка да продолжи и во иднина.