ОБЈАВА

Комисијата за урбанизам при Одделението за урбанизам,комунални дејности, ЛЕР  и заштита на животната средина, при општина Маврово и Ростуше, за предметот во системот: ,,е-урбанизам,, бр.на постапка 29534, за одобрување на :,, ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА за формирање на градежна парцела на КП 311/1 И 311/2, КО ОРЌУШЕ, СО НАМЕНА Д3-спорт и рекреација, Општина Маврово-Ростуше,, објавува дека истиот , согласно  мислењето по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животната средина , со арх.бр.:15-5808/2 од 10.12.2021г. од Министерството за животна средина и просторно планирање-Сектор за просторно планирање, (примено на 16.12.2021г.)  ќе биде објавен на веб страната на општината.

Ова е согласно и со Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на  прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина.(Сл.весник на РМ бр.147 од 26.11.2008г.)

Се спроведува постапка за учество на јавноста за предмет:

,, ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА за формирање на градежна парцела на КП 311/1 И 311/2, КО ОРЌУШЕ, СО НАМЕНА Д3-спорт и рекреација, Општина Маврово-Ростуше,,

Предметот ќе биде објавен на веб страната на општината на  ден 21.12.2021г.со сите потребни прилози од планската документација(ЛУПД) и Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животната средина.

Правните и физички лица и сите засегнати страни ќе можат да го разгледуваат предметот на веб страната на општината и ако имаат да дадат свои мислења, сугестии и забелешки за предметниот план, истите да ги достават до општината во рок од 30 дена од објавата.