Кризниот штаб за справување со корона вирусот при Општина Маврово и Ростуше оддржа координативен состанок.
Добиени се нови резултати од направени тестирања од страна на Институтот за Јавно Здравје Гостивар и други приватни клиники.
Од добиените резултати од направените тестирања, имаме четири наши сограѓани позитивни на корона вирусот.
3 пациенти моментално се наоѓаат дома во самоизолација и се во добра здраствена состојба со полесни симптоми. Додека еден пациент се наоѓа на Инфективното одделение во Гостивар.
Од дгруги двајца наши сограѓани се чекаат резултати од направени Ковид -19 тестови.
Кризниот штаб е во постојан контакт со четирите наши сограѓани, и за наша среќа се во добра здраствена состојба. Исто така сме во постојана комуникација со епидемиолозите од Општата болница во Гостивар, од каде добиваме информации за здраствената состојба на нашите сограѓани како и добиваме информации и совети како да постапуваме за превентивно делување со лицата кои биле во непосреден контакт со инфицираните наши сограѓани.
Почитувани Наши сограѓани, Ве замолуваме, строго да се придржуваме кон препораките дадени од страна на Министерството за Здраство, лицата кои имаат решенија за самоизолација строго да се придржуваат кон наредбата и во никој случај да не излегуваат од дома, задолжително да носиме заштитни маски, да ги миеме рацете почесто, да избегнуваме одење по гости, да не се собираме во групи, да чуваме растојание од 2 метри, да избегнуваме патување во другите градови.
Во случај да се појават симптоми на висока температура, губење на осет за вкус и мирис, тешко дишење итн, ве замолуваме да се јавите на телефонските броеви од Здраствениот Дом во Ростуше (042 478 066 и 070 229 916) и да се постапува по дадените инструкции од нашите доктори.
Да се придржуваме кон мерките, само така ќе покажеме дека си ја сакаме својата фамилија, своите комшии, своето село, својата општина.
Да бидиме одговорни и да го сочуваме јавното здравје за сите нас.
Ние како кризен штаб, ќе продолжиме будно да ја следиме здраствената состојба на нашите сограѓани и ќе излеземе во пресрет на сите барања, кои се неопходни за што поскоро оздравување на нашите сограѓани и спречување на проширувањето на корона вирусот низ Нашата Општина.