Кризниот Штаб за заштита од корона вирусот при Општина Маврово и Ростуше денес оддржа координативен состанок.
На состанокот се направи анализа на моменталната состојба во Нашата Општина.
Сакаме да ги известиме нашите граѓани дека до сега немаме ниту еден наш сограѓанин заболен од корона вирус. Во самоизолација се наоѓаат 3 лица жители на Нашата Општина и во државен карантин се наоѓаат 4 лица жители на Општина Маврово и Ростуше, и истите се во одлична здраствена состојба без никакви симптоми на корона вирусот.
Во моментот во Маврово во неколку хотели се наоѓаат 148 лица во државен карантин, и истите се без симптоми од корона вирусот.
На состанокот се констатира дека беше успешно извршена дезинфекцијата на целата територија на Нашата Општина како и успешно завршена акцијата на доделување на социјални пакети за социјално ранливите семејства.
Исто така се констатира дека Нашите граѓани генерално ги почитуваат мерките и одлуките за забрана на движење донесени од страна на Владата на РСМ.
На состанокот се донесоа и следните заклучоци:
1. Да се продолжи со почитување на препораките дадени од Владата на РСМ, СЗО и Министерството за Здраство.
2. Строго да се почитуваат одлуките донесени од Владата на РСМ, со посебен акцент на одлуката за забрана на движење од 17.04,2020 година (петок) од 16:00 часот до 21.04,2020 година (вторник) до 05:00 часот.
Упатуваме апел до сите лица кои доаѓаат во викенд куќите кои се наоѓаат на територија на Општина Маврово и Ростуше да се придржуваат кон мерките и одлуките донесени од страна на Владата на РСМ.
На крај сакаме да упатиме еден апел до сите наши сограѓани да се подготвиме навремено, да се снабдиме со сите намирници за претстојниот викенд, затоа што од 16:00 часот во Петок до 05:00 часот Вторник ќе има забрана за излегување.
Само преку дисциплина и разум можеме да го победиме овој вирус!