Фондација ЦЕЕД Македонија во соработка со ЦЕНТАРОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ  И ОБУКА НА ВОЗРАСНИ „ПОЛИТЕХНИЧКА АКАДЕМИЈА“ПАБ од Битола објавува конкурс за учество на стручни обуки за педикир и маникир, масажа, фризерки, кроење и шиење наменети за жени од општина Маврово Ростуше.

Обуките се спроведуваат како дел од проектот на UN Women “Промовирање на родово-одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија”, финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – СИДА. Заинтересираните кандидатки кои ги исполнуваат критериумите за учество можат да се пријават за една или повеќе од горенаведените обуки предвидени во нивната општина на линкот во табелата:


Општина Тема / број на учеснички Критериуми за учество
  Маврово Ростуше   Линк до апликација:   Маникир и педикир Фризерки Масажа Кроење и шиење   5 учеснички     – На возраст од 18-50 години – Минимум завршено средно образование – Жителка на општина Маврово Ростуше  

Обуките имаат за цел стручно усовршување на жени, а со тоа и подобрување на нивниот пристап до и конкурентноста на пазарот на труд, преку подобрување на нивните вештини за вработување и самовработување.

Обуките ќе се спроведуваат во периодот од март до август 2022.

Сите заинтересирани кандидатки можат да се пријават за учество по електронски пат – на линковите наведени во табелата погоре, или пак со директно поднесување на апликацијата во самата општината.

Доколку сакате да поднесете апликација физички директно во општината, контактирајте со одговорното лице во вашата општина:

Суада Мавмути, Suada.mavmuti@gmail.com , 078 291 200

Крајниот рок за пријавување е 18.02.2022, 2022 година до 16:00 часот.

Покрај горенаведените критериуми, при изборот на учесничките ќе се следи принципот „прва пријавена – прва услужена“.  Предност ќе биде дадена на невработени жени и/или жени со идеја за започнување на сопствен бизнис. Особено се охрабруваат да се пријават жени од ранливи категории (самохрани мајки, жени од рурални средини, жртви на семејно насилство, жени со попреченост, итн.)

ВАЖНО:

Секоја учесничка може да се пријави само за една тема од понудените стручни обуки.

Секоја од понудените теми за обука ќе биде организирана само доколку има доволен број на пријавени учеснички за таа тема (минимум 5 учеснички за една тема). Во случај да нема доволно пријавени за темата која што сте ја избрале, ќе биде понудена друга тема за која е формирана група.

Обуките ќе се реализираат со физичко присуство, водејќи сметка за сите мерки за заштита од ширење на ковид-19 (задолжително носење на маски за време на обуката, дезинфекција и редовно проветрување на просторијата). Начинот на реализација на обуките ќе зависи од епидемиолошка состојба во времето на одржување на обуките.