Комисијата за заштита на пациентите како помошно тело на Советот на Општина Маврово и Ростуше, на денешната седница ја разгледа моменталната состојба во Нашата Општина со пандемијата настаната од Ковид-19.
Комисијата даде неколку препораки до нашите сограѓани.
Комисијата за Заштита на пациентите упати апел до сите граѓани, строго да се придржуваат до заштитните мерки кои секојдневно се укажуваат преку соопштенија преку ТВ екраните и преку социјалните мрежи.
Состојбата со Ковид-19 е сериозна и треба по дисциплиниран пристап кон заштата од овој вирус.
Исто така се упатува апел до сопствениците на продавниците да продолжат со почитување на протоколите при работа како внатрешно растојание и носење заштитна маска на секој муштерија при влез во објектот.
Сопствениците на кафулињата да служат кафе во пластична чашка за една употреба по можност да се служи за надвор од просторија.
Сопствениците од ресторантите во најпогодените населени места од ковид19 да служат храна на отворено.
Состаноците по училиштата да се одвиваат строго по проткол и да се направат сите неопходни активности неопходни за безбедно започнување на образовниот процес.
При молитва во верските објекти да се почитуваат мерките укажани од страна на МЗ и ИВЗ.
Уште еднаш ги замолуваме сите наши сограѓани да ги почитуваат сите мерки за заштита од Ковид-19.
Само со дисциплина ќе го победиме овој вирус.