Општина Маврово и Ростуше изврши исплата на еднократната финансиска помош за студентите во износ од 6.000 денари.
Врз основа на јавниот повик за доделување на еднократен финансиски надомест на студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високо образовни установи во Република Северна Македонија за студиската 2022/2023 година комисија составена од општината изврши преглед на пристигнатите барања и на сите студенти кои ги исполнуваа условите според јавниот повик изготви решенија и се изврши нивна исплата.

Вкупно беа одобрени дваесет и девет барања и беа реализирани исто толку исплати.

Ова е еден скромен допринос од страна на општината и ова е втора година како се помагаат студентите од нашата општина.