Врз основа на член 9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на РМ“ бр. 13/2006)

Општина Маврово и Ростуше изготви

Л И С Т А

На информации од јавен карактер во Општина Маврово и Ростуше

Информации со кои располага Општината, а кои се утврдени како информации од јавен карактер и кои ќе бидат дастапни до барателите на информации се следниве:

  • Информации за работата на Советот на Општина Маврово и Ростуше

Одлуки, Решенија, Заклучоци, Иницијативи, Препораки, Програми, Стратегии, Ставови, Информации , Информации од работењето на Комисиите и посебните тела на Советот на општина Маврово и Ростуше (предлози, заклучоци, мислење, ставови)

  • Информации за работата на Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше,

Информации за работата на Секторот за правно нормативни работи, информирање и услуги, информатички и општи работи, акти на Советот, јавни набавки, односи со задниците, информирање и услуги на граѓаните , информации за работата на Територијалната противпожарна единица

  • Информации за работата на Секторот за финансиски прашања

Буџет на Општина Маврово и Ростуше, Нацрт буџет на Општината, Годишен извештај по завршна сметка на Буџетот на Општината, Одлуки поврзани со донесување на Буџетот, Одлуки поврзани со утврдувањето на висината и стапките на данокот на имот, данок на населедство и подарок, данок на подарок на недвижности, комунални такси

  • Информации за работата на Секторот за урбанизам и уредување на градежно земјиште, комунални работи и заштита на животната средина

Генерален урбанистички план, ДУП-ови, Урбанистичка документација за населени места Изводи од планови, Иницијативи, Програми и планови за подготовка на нови ДУП-ови, Планови , Програми од областа на комуналните работи, Планови, Програми, стратешки документи од областа на заштитата на животната средина.

  • Информации за работата на Секторот за јавни служби и локален економски развој

Решенија, Планови, програми од областа на образованието, социјалната заштита, здравството, спорт и млади и соработка со невладини организации и фондации, Стратешки документи, акти, Одлуки, Решенија , програми од областа на локалниот економски развој и информатичка технологија

  • Информации од работењето на Секторот за инспекциски работи

Информации, ставови, мислење од областа на работата на инспекциските служби , Одлуки, Планови, Програми од областа на сообраќајот.

  • Информации за работата на Секторот за Човечки ресурси

Постапки за вработување, избор и именување, награди, отценување и други акти поврзани со вработените во Општинската администрација.

Listana Informacii MiR