Известување,
Општина Маврово и Ростуше ги известува сите граѓани дека поради изведување на градежни активности – санирање на свлечиште на регионалниот пат Жировница – Дебар, во близина на индустриската зона под с. Скудриње, во периодот од 10:00 до 14:00 часот почнувајќи од денес во наредните 45 дена ќе биде целосно во прекин.
Регулирањето на сообраќајот во останатиот период ќе се одвива на една коловозна лента со помош на сообраќајна сигнализација (семафори).