Изведувачот на градежните работи на уредувањето на кругот околу зградата на Средното Општинско Училиште Маврово-Ростуша и административната зграда на општината интензивно работејќи и во тешки временски услови ги финализираа сите активности околу уредување на кругот, со што значително се подобрија условите за поуспешно образование на нашите деца кои своето образование продолжија во единственото средно училиште кое го имаме на нашата територија.
директорот на Средното Општинско Училиште, Бајрам Требишки изрази голема благодарност до градоначалникот Мукрем Мехмеди за одличната соработка и поддрката која ја дава Општината на Средното Општинско Училиште.