Во рамките на манифестацијата ,,Летен културен бран 2015“, што го организира Општина Маврово и Ростуше , во Ростуше се одржа и изборот на најдобрата Мавровско – Реканска пита. Учество зедоа над 60-тина учеснички од оваа општина, жири комисијата за најдобра пита ја избра питата што ја подготви Билјана Трпоска од Врбен. Манифестацијата ја отвори Градоначалникот Мукрем Мехмеди, кој нагласи дека оваа активност има за цел промовирање на одличното приготвување на храна особено реканските пити кои ги приготвуваат домаќинките од овој крај, како и развивање на туризмот во Нашата Општина. Во рамкиите на оваа активност голем број на туристи од земјава и странство ги посетија водопадите кај Дуф, а познати Мајовци од Дебар имаше свој традиционален настап на сред село. Оваа манифестација со голем интерес ја проследија и голем број на печалбари од реканскиот регион кои работаат во Италија, Германија, Швајцарија и други земји на ЕУ, а кои моментално се на одмор во родниот крај.