Денес 29.07.2018 година во с.Ростуше, се одржа долгогодишниот традиционален настан “Избор на најдобра мавровско-реканска пита“, на настанот со сопствено изработени традицинални пити учествува повеќе од 70 жени од сите населени места на општината, од кои 30 влегоа во потесниот круг за избор на најдобра пита, настанот беше посетен од страна на голем број на жители од државата, меѓу кои најзастапени беа гостите од Скопје од “Скопско културо лето“, настанот беше збогатен и со културно-уметнички точки, пред се со зурли и тапани од познатите “Мајовци“ од Дебар. Во вечерните часови со почеток во 21.00 часот ќе се одржи и целовечерна музичка забава (игранка) со музика во живо во центарот на с.Ростуше.