Годинешното издание на избор на реканско-мавровска пита како дел од програмата „Летен културен бран“, која општина Маврово и Ростуше ја организира трета година по ред со поздравен говор ја отвори градоначалникот г-дин Мукрем Мехмеди. Градоначалникот г-дин Мукрем Мехмеди посебно им се заблагодари на сите вредни домаќинки од нашиот крај како и на гостите жени од општина Кратово кои со своите убави специјалитети на пита допринесоа да оваа манифестација биде уште побогата за успешно промовирање на традиционалните јадења од нашиот крај! Во конкуренција од 35 натпреварувачки, Зеќија Веапи од селото Требиште со „речка пита“ го доби признанието за најдобра и највкусна пита на годинешното седмо издание на „Избор на мавровско – реканска пита”.

Втората награда ја понесе Мевљуда Адеми, а третата ја освои Фердуска Бојаџи и две од селото Јанче.

Годинава, по прв пат од страна на градоначалникот на општина Маврово и Ростуше г-дин Мукрем Мехмеди е доделена награда за најмлада учесничка на „Избор на мавровско – реканска пита”. наградата ја доби дванаесет годишната Мери Паунова од Кратово за најмлад учесник.

Најуспешните беа наградени со сетови апарати за домаќинство кои ги обезбеди организаторот, локалната самоуправа Маврово-Ростуше.

Во хотелот „Туто”, во село Јанче, гостите кои дојдоа, освен што вкусија дел од традиционалната храна која реканските домаќинки ја приготвуваат, имаа можност да видат и дел од фолклорот од Долна Река. За љубителите на природните убавини беа организрани пешачки тури до водопадот Дуф и одблизу да ја видат старата архитектура.

Годинешното издание на избор на реканско-мавровска пита е дел од програмата „Летен културен бран“, која опшштина Маврово Ростуше ја организира трета година.

 

 

 

Share