Врз основа на член 52, став 5 од Законот за локална самоуправа и член 39, став 1 од Статутот на општина Маврово и Ростуше градоначалникот Медат Куртовски донесе решение за именување на член на советот на општината за заменик градоначалник. Со ова решение градоначалникот на општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски за свој заменик во случај на спреченост и отсуство од работа го именува лицето Кенан Елези, член на советот на општина Маврово и Ростуше од редовите на партијата ЛДП.