Збогатена ЈЗУ „Русе Бошкоски- Ростуша“ со стоматолошки стол во стоматолошката ординација во с. Скудриње.
Со цел осовременување и пружање квалитетна услуга кон пациентите, НП-Маврово донираше стоматолошки стол додека Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша Мукрем Мехмеди донираше попратни елементи и инструменти за потребите на стоматолошкото одделение во амбулантата во Скудриње.
Директорот на ЈЗУ „Русе Бошкоски- Ростуша“, Др. Сабре Незироски официјално пуштајќи го во употреба стоматолошкиот стол во стоматолошкото одделение во амбулантата во Скудриње искажа голема благодарност до директорот на НП-Маврово, Онер Јакупоски, Градоначалникот, Мукрем Мехмеди, Мирвет Мурати стопанственик како и до Др. Адмир Јакупоски кои допринесоа за реализација на овој проект од кој ќе има корист целото население од Скудриње.

stomatoloski_stol_1 stomatoloski_stol