Започна асфалтирање на локалниот пат за с. Ростуше.
После завршувањето со санација, проширување и изградба на потпорни ѕидови на локалниот пат за Ростуше, денес се започна со последната финална фаза – асфалтирање на локалниот пат, кој е од витално значење за сите граѓани на Општина Маврово и Ростуше.
Овој проект е финансиран од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој.
Вкупната вредност на овој проект изнесува 18.594.783 денари.
Општина Маврово и Ростуше, продолжува со реализирање на сите инфраструктурни проекти, преку кои, се обезбедува поквалитетен живот за сите нас.