Започнаа градежните активности на локалниот пат во село Присојница
Градоначалникот Медат Куртовски и Претседателот на Совет Алил Алили беа на увид во село Присојница каде во моментов се изведуваат градежни активности рехабилитација, проширување и асфалтирање на дел од локалниот пат во ова населено место.
Вкупната вредност на овој проект изнесува 4.196.611 денари. Срествата се обезбедени од Влада на РСМ преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој.
Со реализација на овој проект решаваме уште еден проблем од инфраструктурата во Нашата Општина.
Аирлија да е!