Зам. Министерот за Труд и Социјална Политика, Ѓонул Бајрактар ја посети Нашата Општина.
Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски имаше работна средба со Зам. Министерот за Труд и Социјална Политика, Ѓонул Бајрактар.
На средбата беше разговарано за досегашната успешна соработка помеѓу двете институции, функционирањето на детската градинка во Скудриње, можностите за отворање на центар за ран детски развој, исто така се разговараше за проблемите со кои се соочуваат граѓаните од Нашата Општина како и нивно заедничко решавање.
На средбата присуствуваа Џанер Исмаил и Шевал Нуредин, членови на кабинетот на Зам. Министерот Ѓонул Бајрактар, Фикрет Ибраими – Советник за Односи со Јавност и Исмет Абдули, директор на СОУ – Маврово Ростуше.