Заедницата на Општини од Република Турција донира Камион за собирање на смет марка Ивеко на Општина Маврово и Ростуше.
Претседателот на Големото Турско Собрание Проф.Др. Мустафа Шентоп ги додели клучевите од новиот камион за собирање на смет на Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски.
Градоначалникот Медат Куртовски, Претседателот на Советот на Општината Алил Алили, Членот на Советот Пајазит Мурати, Фикрет Ибраими вработен во Општина Маврово и Ростуше, и директорката на ЈПКД Александра Матеска одржаа работни средби со Претседателот на Турското Собрание Проф.Др. Мустафа Шентоп и со повеќе градоначалници на Општини од Р. Турција на кој беа презентирани можностите за инвестирање во Нашата Општина во повеќе гранки како што се вложување во лесна индустрија, туризам идр.
На церемонијата свое обраќање имаше и градоначалникот Медат Куртовски во кое им се заблагодари за донацијата Заедницата на Општини од Р. Турција.
Донираниот камион за смет ќе биде отстапен на користење на ЈПКД Маврово.