Со венчавка на годинашниот брачен пар Филип Бачев и Билјана Гегоска заврши 42-ото издание на Галичка свадба. Годинава, во двата дена на манифестацијата, присуствуваше Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша, Мукрем Мехмеди и околу три илјади гости од сите краишта на државата како и гости од соседните држави кои имаа можност да видат дел од вековната традиција. „Среќна сум што го дочекав мојот Петровден и со мојот сакан Филип Белчев нашата љубов ја овековечиме во црквата ’Св. Петар и Павле‘ во Галичник“, изјави видно возбудена и задоволна невестата Билјана Гегоска, која ја продолжува традицијата на неколкувековната галичка лоза на познатото сточарско семејство Гегоски. На пладне сватовите и невестата пристигнаа на платото пред опеаната чешма Упија, каде што беа поздравени со громогласен аплауз од илјадниците посетители. По венчавањето, невестата го одигра невестинското оро, беше однесена да наполни вода, а потоа на најблиските им посипуваше да ги измијат рацете и ги даруваше со подароци. „За мене и за моето семејство беше особена чест и огромно задоволство што сум галички зет на годинешното 42. издание на атрактивната културна и туристичка манифестација ’Галичка свадба’“, изјави Филип Белчев.

g2 g3 g1