Завршија градежните работи околу реконструкцијата на школската зграда од подрачното училиште во с. Требиште. Каде беа целосно опремени санитарните чворови со нови керамички плочки, врати, прозори, односно беше променет целиот потребен инвентар. Исто така беше сменета старата и дотраена покривка, со што се завршија градежните работи за санација на училиштето.
Во соработка со Градоначалникот, Мукрем Мехмеди и советот на Општината значително се подобрија условите за успешно образование на нашите деца кои наставата ја следат во ОУ во с. Ростуша како и во подрачните училишта во Велебрдо, Требиште и Јанче изјави Директорот на ОУ Ѓорѓи Пулески, Фуат Черкези.

fotografija fotografija 3