Со венчавка на годинашниот пар Александра Крстевска и Васе Ѓорѓевски заврши 40-тото издание на Галичка свадба. Годинава, во двата дена на манифестацијата, присуствуваа Претседателот на Р. Македонија г-дин Ѓорге Иванов со сопругата Маја, градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша г-дин Мукрем Мехмеди и околу три илјади гости од сите краишта на државата како и гости од соседните држави кои имаа можност да видат дел од вековната традиција.
Најголем впечаток ми оставија обичаите симнување од коњ и внесувањето во домот на зетот. И покрај тоа што церемонијата траеше повеќе часови, сепак пријатно се чувствував во носијата, рече невестата.

– Им благодарам на организаторите што ни овозможија да бидеме презентери на вековната традиција. Овој ден ќе биде трајно врежан во моите сеќавања, рече зетот.
Играорците од „Фолклорни бисери“ со овации и долго ракоплескање беа наградени откако го изиграа „Тешкото”, следено од пискотот на зурлите и тапаните на дебарската тајфа Мајовци.
mukrem gorge