Во спортската сала ,,Македонија” с. Ростуше се одржа еден од најголемите културни настани во Општина Маврово и Ростуше. Здружението за афирмација и развој на реканскиот крај – Рекански Порои, ја организа Манифестацијата ,,Жуборења од Радика 2022.” Манифестацијата има огромно значење за нас како општина бидејќи дента, ние пред огромната публика од цела држава ја претставивме нашата традиција, нашата богата култура и шаренолика носија, нашата кујна и сè она што е карактеристично за нас како народ. На манифестацијата свој настап забележаа и младите таленти Дефне Фејзули и Един Ахмети,фолклорната група Маврово-Ростуше, и учениците од ООУ ,,Јосип Броз Тито” – с. Жировница и ООУ ,,Хајан Селмани” с. Ростуше. Благодарност до професор Рамазан Раманоски и професор Емир Емрулаи кои своите идеи и визии ги претварија во реалност. Благодарност и до целиот тим на Рекански Порои кои помагаа да се реализира сето ова. Благодарност и до рецезентите Горјан Петревски (писател за деца и млади,) Влатко Стојковски (писател,) Сара Марковска (член на жири,) Даринка Веслиевска (водител на Манифестацијата). Благодарност до сите ученици и ментори кои допатуваа од најразлични краеви, нè почестија со нивното присуство и нè направија горди Реканци. Општина Маврово и Ростуше и во иднина ќе стои зад вакви настани, ќе ги поддржува и наставниците и учениците сè со една цел да го покажеме најдоброто и најубавото од нас.