Маврово и Ростуша беше домаќин на ЕУ Караван Емисија која се емитува на Македонскиот јавен сервис.
Специјални гости во оваа емисија која се снимаше во хотел Бистра во Маврово, беа Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша, Мукрем Мехмеди менаџерот по финансиско работање во Еуроедил – Холдинг, Кадрија Кадриу и нордиецот Драко Дамјаноски.
На форумот кој одеше во живо на МТВ1 се зборуваше за Европските стандарди во општината, за општинските проекти кои се финансирани со помош на европските фондови, за тоа каква била општината низ годините, што се променило во последните дваесет години и што би требало да се стори во иднина за овој регион да биде место за живеење по сите Европски стандарди и како Маврово би станал најголем зимски туристички центар на Балканот.
Сите позитивно се изјасниа за новите трендови кои се случуваат во општината, за подобрената инфраструктура, за квалитетот на млечните производи кои се приготвуваат повеке од 200 години на традиционален начин како што се Галичкиот кашкавал, Требишкото сирење и нивниот пласман на Европскиот и Америчкиот пазар, за подемот кои ја кренаа Маврово и Ростуша на повисоко ниво, социјализирање на селата и намалувањето на разликата град – село, меѓутоа сите се свесни за предизвиците кои следат во иднина.
Градоначалникот Мукрем Мехмеди лично ќе се заложи за развој на туризмот, развој на лесната индустрија, сточарството се со единствена цел овој регион да биде една од најпосакуваните дестинации како за живот на населението така и за одмор за гостите кои решиле својот одмор да го поминат на падините на Бистра и покрај кањонот на Радика.

mtv1 eu