ЕУ автобус на посета во нашата општина

Денес 15-ти мај 2014 во Ростуше, во рамки на активноста „ЕУ одблизу“. Градоначалникот на Општината, Мукрем Мехмеди и 

Претседателот на Совет, Неџат Исмаили беа домаќини на Холандската Амбасадорка, Мариет Шурман, претставници на Делегацијата на Европската Унија, амбасадите на земјите членки на ЕУ, преставници од Секретаријатот за европски прашања, и претставници на други институции и организации, кои со ЕУ автобус беа на посета во нашата општина. 
Холандската амбасадорка Мариет Шурман и Градоначалникот на Општината, Мукрем Мехмеди одржаа предавање во СОУ Маврово – Ростуша (14-18 годишни ученици) за Европската Унија и нејзините членки. По предавањето, амбасадорот и градоначалникот им поставија неколку прашања на учениците. Учениците кои дадоа точни одговори беа наградени со ЕУ брендирани фудбалски топки.
По завршувањето на презентацијата заминаа на посета на училишниот штанд каде учениците од ОУ Ѓорѓи Пулески преку цртежи на хамер ја претставија Европската Унија, нејзината историја, институциите и разните политики ( како на пр. земјоделство, животна средина, слобода на движење и патување). Најдобриот хамер со информативен материјал избран од амбасадорката и градоначалникот, беше награден со полна торба ЕУ промотивни материјали;
Исто така се посети ЕУ инфо штанд со информации, промотивни материјали и брошури. Имаше непосредна дискусија помеѓу жителите и Амбасадорката на Холандија, претставниците на Делегацијата на ЕУ, претставници од секретаријатот за европски прашања , ИПАРД Агенцијата и невладини организации за теми поврзани со Европската Унија и процесот на пристапување (вклучувајќи и помош од ЕУ);
На крај имаше прошетка низ креативното катче каде децата правеа цртежи за Европската Унија, се натпреваруваа во составување на голем мозаик кој ја претставува мапата на Европската Унија (најдобриот цртеж, најбрзиот тим и најдобриот квиз играч беа наградени со полна торба ЕУ промотивни материјали.
Холандската Амбасадорка, Мариет Шурман и Градоначалникот на Општината, Мукрем Мехмеди имаа работна средба во кабинетот на градоначалникот на која главно се разговараше за заедничка соработка за привлекување што повеќе туристи од Холандија во нашата општина со што нашата општина би влегла во мапите на Холандските туроператори.
На крај ние како општина упатуваме голема благодарност за макотрпната успешна работа и допринесот до учениците, директорите и целиот просветен персонал од ОУ Ѓорѓи Пулески и СОУ Маврово – Ростуша.