Еколошка акција на целата територија на Општина Маврово и Ростуше.
Вработените во ЈПКД Маврово, реализираа сеопфатна еколошка акција, со чистење и уредување на сите површини по селските улици.
Покрај селските улици се чистеа и уредуваа зелените и дворните површини.
Поради настанатиот проблем, со состојбата со депонирање на собраниот отпад, кој трае повеќе од два месеци, упатуваме апел, до сите наши граѓани и посетители на Нашата Општина, отпадот, во периодот додека изнајдеме решение за депонирање, колку што може повеќе да се селектира и колку што може помалце да се одлага во контејнерите.
Општина Маврово и Ростуше и во наредниот период ќе продолжи активно да изнајде трајно решение за овој новонастанат проблем со депонирање на сметот.
Основна цел на акцијата беше подобрување на општата слика на општината преку подобрување на животната средина во населените урбани и рурални зедници.
Сите ние заедно, треба да дадиме се од себе, да ја зачуваме животната средина, чиста и здрава.