Денеска беше реализирана предлог одлуката на градоначалникот која беше едногласно поддржана од сите советници за еднократна финансиска помош на сите првачиња во општина Маврово и Ростуше.

Со оваа одлука на сите првачиња во општината им беа исплатени по 3.000 денари еднократна финансиска помош.

Ваквата одлука ќе остане пракса за секоја наредна учебна година.

Уште еднаш на првачињата им посакуваме успешен наставен процес.