Општина Маврово и Ростуша на ден 25.08.2013 година (недела) во спортската сала која е дел од спортско рекреативниот центар Радика ке организира еднодневен спортско рекреативен турнир на генерации на кој турнир ќе учествуваат учесници од сите населени места и од сите генерации. Од 14 до 16 часот ќе се играат натпревари од помладите генерации а после 16 часот учество ќе земаат нашите спортисти на кои како општина а пред се како жители од овој регион многу им должиме поради промовирањето на нашиот спорт во минатото. За подетални информации може секој да се обрати во административниот центар на општината во Ростуша или на телефонскиот број 042478814

sala_sport