Благодарение на визијата а пред се на упорноста на градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша г-дин Мукрем Мехмеди, државните институции станаа се подостапни за населението од нашата општина. ако некогаш нашите граѓани беа принудени да одат дури до македонската метропола за поднесување на некои формални документи или барања денес благодарение на градоначалникот Мехмеди како и на општинската администрација и советот на општината, истите тие институции преку разно-разни тела доаѓаат на територијата на нашата општина се со цел да бидат меѓу нашиот народ со цел да им го поедностават начинот за полесен и поефикасен пристап до истите.
Денес во просториите на нашата општина се одржа работна презентација од страна на претставници на Агенцијата за Финансиска Поддршка во земјоделството и рурарниот развој – тело за управување со ИПАРД (предпристапни фондови на Европска Унија) и граѓани како и претставници од бизнис секторот.
Беа презентирани условите и начинот како да се дојде полесно и на поефикасен начин до пристапните фондови од ИПАРД фондовите на ЕУ.