Предмет: реакција

Почитувани,

Локалната самоуправа на општината Маврово и Ростуше реагира на прилозите кои се објавени во дел од електронските медиуми,  во врска со објектот на основното училиште во селото Видуше.

Имено, во интерес на целосното и правилното запознавање на јавноста околу состојбата, би сакале да информираме дека се работи за училишен објект кој во многу скоро време ќе биде ставен вон употреба, затоа што општината Маврово и Ростуше во март 2014 година започна со изградбата и изгради целосно нов училишен објект во вредност е 2,5 милиони денари. Новиот објект ги исполнува сите инфраструктурни стандарди за квалитет и истиот во многу скоро време ќе биде пуштен во употреба за учениците од ова населено места.

Унапредувањето на условите за реализација на воспитно – образовниот процес и понатаму ќе биде еден од основните приоритети во работењето на актуелниот градоначалник и воопшто на локалната самоуправа.

v5 V2 v3 V1