Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша, Мукрем Мехмеди и претседателот на советот, Неџат Исмаили во домот на култура во с.Ростуше, ја отворија изложбата на фотографии на културното наследство од регионот на Дебар и Река. Фотографиите беа направени во рамки на активностите кои ги реализира Пилот проектот за локален развој на Дебар и Река на кој учествуваа и учениците од СОУ Маврово – Ростуша поддржани од директорот на училиштето Бајрам Требишки. Иднината на овој крај ќе зависи од тоа колку ќе успееме да го искористиме нашето природно и културно-историско наслество како еден од главните адути за локален економски развој и при тоа заедно со општина Дебар подготвувајќи една регионална стратегија да направиме овој регион да биде место кое што навистина ќе биде убаво и пријатно за животот на сите жители на овој регион рече Градоначалникот Мукрем Мехмеди. Орхидеја Зорова проектен менаџер и додели награда на ученичката Анеса Веапи од С.О.У „Маврово-Росутше“, за делото мостот Елен Скок, со која на “Меѓународниот конкурс за фотографија на тема од културното наследство“ во координација на НУ Музеј на Макеоднија ја доби првата награда и ќе ја претставува Република Македонија на Европските денови на културното наследство во Барцелона, Шпанија.

izlozba 2