Градоначалникот на Маврово и Ростуша, Мукрем Мехмеди  додели 30 нови решенија за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти на физички и правни лица. На подрачјето на општината во вкупно 42 населени места досега се поднесени околу 3775 барања за легализација на бесправно изградени објекти, од кои над 1000 се решени. Тимовите за легализација секојдневно се на терен и постапуваат по барањата на граѓаните.
Харис Ибраими од Одделението за урбанизам при Општината вели дека поголемиот дел од нив не се решаваат, бидејќи сопствениците на вакви објекти се уште го немаат поднесено геодетскиот елаборат, исто така пролонгирањето на рокот за легализација на дивоградбите повторно ги релаксира граѓаните во обврската што е можно побрзо да ги поднесат геодетските елаборати и овој пат ќе се чека последниот момент за да се комплетира барањето.
Градоначалникот апелира до граѓаните на Маврово и Ростуша да не отпочнуваат со градба, без претходно да ја обезбедат потребната документација, бидејќи инспекторите се секојдневно на терен, а казните за отпочнување на градба без документација според Законот се ригорозни.
034