„добра приказна – добра туристичка дестинација„

На иницијатива на Скопје 3Д и Туристичката Комора на Македонија се одржа средба на туристички работници на тема „добра приказна – добра туристичка дестинација„. На покана на Туристичката Комора на Македонија на средбата учествуваа проект асистентот на Пилот проектот за локален економски развој на Дебар и Река“. од општина Маврово и Ростуша, Шенол Имери и Елвира Ејупи како претставник од секторот за Локален Економски Развој од Општина Маврово и Ростуша.
На која средба претставниците од нашата општина ги претставија нашите убавини, предности и можности за инвестирање како во туризмот така и во други области.
На средбата учество земаа Гордана Јанакиеска-маркетинг промотор од областа на туризмот, претставници од Министерството за Економија (сектор туризам), претставници од Балканската Асоцијација за Алтернативен Туризам- Балканија, туроператори идр.

senol