Заменик министерoт во миностерството за земјоделство шумарство и водостопанство на Р. Македонија г-дин Зоран Конјановски пред да го прогласи денот на одгледувачите на овци и кози за отворен, на присутните на настанот кој е во покровителство на Министерството за Земјоделство шумарство и водостопанство, општина Маврово и Ростуша, Регионалното здрузение на одгледувачи на овци од западна Македонија, факултетот за земјодлски науки и храна, институтот за сточарство и националниот парк Маврово, им се обрати и им посака срдечно добредојде на сите гости на оваа осма по ред манифестација денови на одгледувачите на овци и кози градоначалникот на општина Маврово и Ростуше г-дин Мукрем Мехмеди.
Градоначалникот Мехмеди во својот говор нагласи дека треба да се поттикне и поголема иницијатива кај приватниот сектор за одгледување овци. исто така посочи дека овчарството е еден од најперспективните сектори во нашава општина како и во земјава, а укажаа и на потребата од поголем развој на секторот.
исто така нагласи дека дека бројот на овците во Македонија е значително намален, од 2 милона на едвај половина милион колку што е проценката во моментов. Но додаде дека се прават големи напори бројката на овци да порасне и да се врати на онаа 2 милјонска од пред неколку децении, а ќе порасне само ако се интервенира во откупот на јагнешкото месо и во цената на храната.
На манифестацијата се одржаа натпревари во
-молзење овци
-стрижење овци
-оцена на традиционални сирења произведени на фарма
-излоѓба на локални соеви на овци
-изложба на кучиња од расата шарпланинец
-културно забавна програма.
како и на крај сите гости беа почестени со овчарско гравче пропратено со јагнешко месо кувано во казан..