Делегација од Општина Маврово и Ростуше на покана од Градоначалникот на Градот Маниса, Џенгис Ергун присуствуваша на 476’от Фестивал на Месирот кој се одржува традиционално секоја година почнувајќи одкако Докторот Меркез од Маниса пронашол лек за болеста која ја зафатило на мајката од Султан Сулејман, султанката Хафса Султан, која побарала од докторот секоја година да се фрла од балкон од лекот на својот народ за милост и здравје.

Во склоп на овој Фестивал делегацијата од Општина Маврово и Ростуше ги посети Општините Шехсаделер, Кула и Општината на Градот Маниса каде оствари и средби со Градоначалниците на овие Општини, како и изврши посета и оствари средба со Валијата на Маниса, Ердоган Бекташ.

Исто така делегацијата од Општината оствари средба со претседателот Ејуп Денис и членовите на управниот одбор на Здружението на Граѓани од Мак-Гоч од Маниса која ги негува Културата и Традициите на иселениците од Реканскиот крај кој се преселиле во Маниса, Република Турција.

 manisa 1 manisa 2 manisa 3 manisa 4 manisa 5