Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски на раководителот на одделението за нормативно – правни работи и јавни дејности, Ајбеан Ајдини му се заблагодари за досегашната одлична соработка која ја имаа во рамките на Нашата Општина.
Градоначалникот, Медат Куртовски во свое име и во името на општинската администрација и Советот на општината, му посака пред се здравје, посветеност и успех на Академијата за јавни обвинители и судии.
Исто така упати гелема благодарност за досегашната одлична соработка, како и благодарност за несебичноста, професионалноста и целиот свој труд кој го вложи цели единаесет години во нашата институција, како одличен и неуморен административец.