Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски заедно со секретарот на општината Осман Сејдиу и одговорниот за образование во Нашата општина, Илбер Имероски оддржаа работна средба со директорите на општинските основни училишта и средното општинско училиште.
На средбата беше разговарано за превземените досегашни активности и мерки, како и мерките кои треба да се превземаат во наредниот период во сите училишни згради се со цел да се обезбедат технички услови за непречено одвивање на наставата.