Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски и претставник на Пелагонија АД Гостивар, потпишаа договор за Рехабилитација на Локален Пат za с. Скудриње.
Во рамките на проектот МСИП 2 при Министерството за финансии спреведуван од Единицата за спроведување на проекти, поддржан од Светска банка на Општина Маврово и Ростуше, по спроведената потребна процедура и беше овозможено користење на средства кои се наменети за имплементација на проекти кои се наменети за подобрување на локалната инфраструктура во (руралните) општини. Со потпишувањето на договорот во износ од 12 000 000 денари општината ќе го реализира проектот ,,Реконструкција на локален пат за н.м. Скудриње,, проект вреден 11.496.037 денари.