Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски учествуваше на седницата на Советот за Развој на Полошкиот Регион на која беше потписник на договор за здружување на финансиски средства со кои би се подобрила отпорноста кон поплави и несакани појави на нашиот регион.
На седницата се изврши презентација на проектот Подобрување на отпорноста кон поплави во Полошкиот регион, тука влегува и изнаоѓање на трајно решение кое би го спречило ризикот или би ги намалило нивото на поплави, лавини, нови клизишта на земјиште како и санирање и спречување на постојаните клизишта кои ги имаме во моментов на Нашата територија.
Градоначалникот Куртовски во својата дискусија ги потенцира и образложи ризичните подрачја на атарот на општината за кое има комплетна документација испратено до сите институции за сите ризични подрачја во Општината, но тука потенцира на дел од нив како што е активното клизиште блиску бензинската пумпа на Макпетрол, честите одрони на повеќе локации на регионалниот пат Маврово – Дебар покрај река Радика, клизиштето Падина во Скудриње, клизиштата во Велебрдо, Жировница и други населени места и предложи Јакнење на подготвеноста на институциите и граѓаните кон отпорноста и земање превентивни мерки за заштита од несакани поплави. Секако општината тука ќе ја продлабочи соработката со државните институции кои се надлежни за решавање на оваа проблематика.