На иницијатива на градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша г-дин Мукрем Мехмеди, денес во просториите на административниот центар на општината во Ростуша на средба со нашите земјоделци, сточари, производители на земјоделски и млечни производи како и други заинтересирани наши граѓани, присуствуваа директорот на Агенцијата за Финансиска Поддршка во Земјоделството и Руралниот Развој г-дин Тони Димовски, претставници од Министерството за Земјоделство Шумарство и Водостопанство, како и претсавник на земјоделскиот инспекторат.
Директорот на АФПЗРР, Тони Димовски во своето излагање на присутните ги запозна со намерата на Владата на Република Македонија за унапредувањето на земјоделството и руралната средина кој е голем предизвик кој води кон перспективен живот во сите краишта од Република Македонија. За таа цел ги објасни и можностите кои ги нуди агенцијата и на најлесен и наједноставен начин го објасни патот кој води до кофинансирање како и до субвенции за сите лица кои на било каков начин се поврзани со оваа гранка дали преку ИПАРД фондовите или директно од буџетот на Република Македонија.
На денешната средба по предлог на градоначалникот Мехмеди се донесе заклучок за формирање на здружение на земјоделци во нашата општина, се со цел за поорганизирано да ги бараат и штитат своите интереси како и заедно да учествуваат на домашниот како и на другите пазари ширум светот со своите органски производи кои ретко се наодѓаат на друго место.foto0153